Кариерата на Џејдон Санчо бележи пад по трансферот во Манчестер Јунајтед. Беше меѓу најдобрите во Борусија Дортмунд, но одлучи да премине во Јунајтед за поголема плата и можноста да игра во Премиер лигата. Но тој потег беше лош затоа што младиот фудбалер постојано е во проблеми, влезе во конфликт со тренерот Тен Хаг и е отстранет од првиот тим.
Се зборуваше дека Борусија Дортмунд ќе го врати во своите редови, но „жолто-црните“ се оладиле поради платата на фудбалерот која изнесува 20 милиони евра на годишно ниво.
РБ Лајпциг исто така го сака Санчо во своите редови, но ако тој се согласи на помала плата или со Јунајтед да се договорат за позајмица и притоа да ја поделат платата.
Од друга страна Јунајтед се надева дека ќе го продаде Санчо во Саудиска Арабија и ќе заработи убави пари за него. Да потсетиме дека Јунајтед во јули 2021 година за него плати 73 милиони фунти, Санчо потпиша петгодишен договор со можност за продолжување на уште една.