ПСЖ потпишува со дефанзивец на Сао Пауло

161

Одбранбениот фудбалер на Сао Пауло, Лукас Бералдо наскоро може да стане фудбалер на Пари Сен Жермен, пренесуваат од Бразил. Клубот од Париз ќе се обиде да го донесе 20-годишниот фудбалер во зимскиот преоден рок и трансферната сума би изнесувала 20 милиони евра и уште 5 милиони во бонуси.
Бералдо одигра 48 натпревари во изминатата сезона и постигна еден гол. Тој има настапи за У20 селекцијата на Бразил.

ПретходноБелград ќе биде домаќин на ЕП во пливање следната година
СледноПартизан продолжува да реди победи во Евролигата