Наполи прифати преговори за Елмас: Лајпциг стави на маса 25 милиони евра!

692
ФОТО: SSC Napoli/FB

Како што вечерва објави трансфер гуруто Фабрицио Романо, Наполи отпочнал разговори со РБ Лајпциг околу трансферот на нашиот Елиф Елмас во зимскиот преоден рок. Според Романо, понудата која е ставена на маса е тешка 25 милиони евра.

„Дијамантот“ потврдил дека е отворен за разговори, затоа што сака промени. Романо пишува дека ако дојде до договор, тоа ќе биде пермаментен трансфер уште во јануари, а не позајмица како што се шпекулираше. Сега е е оставено на двата клуба кои треба да се договорат.

ПретходноИ ТФТ поразен во АБА 2 лигата, немоќен пред Сутјеска
СледноГотово е: Елиф Елмас со “6-ка” на дресот на Лајпциг