Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас веќе ги договорил условите за трансфер во РБ Лајпциг. Откако се појави информацијата дека Наполи прифатил преговори со Бундеслигашот, вечерва од наши извори стигнува и информација дека се е готово.
Елмас во новиот клуб ќе игра во дресот со бр. 6 и ќе направи рекорден трансфер за еден наш фудбалер. Висината на трансферот ќе биде 25 милиони евра, сума која веќе е ставена на маса и која Наполи ќе ја прифати за Елмас во јануари.
Германските медиуми споменуваат дека нашиот репрезентативец доаѓа кај „биковите“ како замена за легендарниот Форсберг, а ќе биде трениран од поранешниот соиграч на Николче Новески во Мајнц, Марко Розе.