Партизан продолжува да реди победи во Евролигата

221

Кошаркарите на Партизан ја победија Валенсија на гости во 15. коло од Евролигата со 72:67 за петти последователен триумф во ова натпреварување.  Во тежок меч во Валенсија од почеток до крај, со добра одбрана и со многу подобар скок од домашните, Партизан дојде до победата.

Најефикасен кај Партизан беше Ледеј со 14 поени, исто колку и Нанели.  Валенсија ја предводеа Џонс со 14 и Робертсон со 12 поени.

Кошаркарите на Виртус Болоња го совладаа Олимпијакос во Болоња со 69:67. Кордиње постигна 13 поени за Виртус, Белинели додаде 12, а Добриќ 10. Кај Олимпијакос 13 поени за Ларенцакис.

Кошаркарите на Алба го направија веројатно најголемото изненадување досега. Тие ја победија Барселона со 74:70 во натпреварот од 15. коло во Берлин и сега имаат скор 3-12, додека Каталонците имаат 10-5. Макаби вечерва во Белград ја победи Басконија со 89:81.

ПретходноПСЖ потпишува со дефанзивец на Сао Пауло
СледноФросиноне го посрами Наполи и го елиминираше од Купот на Италија