Работнички добива 500.000 евра од трансферот на Елмас во Лајпциг!

4163

По трансферот на Елиф Елмас од Наполи и Лајпциг, и тоа како добра сума пари ќе “легне“ на сметката на Равботнички. Имено се очекува околу 500.000 евра клубот од Градски парк да добие од овој трансфер на име на Солидарниот фонд.

Се разбира дека исто така не мала сума ќе му припадне и на Фенербахче зошто Дијамантот до 22 години играше и за турскиот гигант.

Да се потсетиме дека Елмас во Фенер во таа 2017 година замина како слободен играч, но и тогаш Работнички доби пристојна сума на пари на име на Солидарен фонд.

ПретходноТанески го објави списокот на новата кадетска репрезентација на Македонија!
СледноКалин учи од најголемиот: Кога Новак те тренира….! (ВИДЕО)