Македонскиот напаѓач Бојан Миовски продолжува да ги тресе мрежите на противниците во Шкотска. Вечерва Абердин игра дома со Ливингстон, а екипата тргна лошо прими гол во 28 минута, а се мачеше да стигне до противничкиот гол.
Сепак, успеаја да изедначат во 42 минута и да ја кренат атмосферата на „Питодри“. На асистенција на Девлин, македонскиот репрезентативец Миовски ја погоди мрежата на гостите. Пред крајот на првиот дел Миовски постигна уште еден гол, но беше поништен поради офсајд.
Тоа е 13-ти гол за Абердин сезонава, а седми во шкотската Премиер лига.
Ливингстон му е омилен ривал на Миовски. Нашиот напаѓач засега има четири гола против овој противник. Два му даде во победата од 5:0 во август 2022 година, а еден во победата од 1:0 во февруари оваа година.