ЛА Клиперс се добра форма во НБА-лига, а тоа го покажаа на сметка на Далас на Лука Дончиќ, славеа со 120-111 и покрај одличната партија на Словенецот.
Дончиќ мечот го заврши со 28 поени, 10 асистенции и исто толку скока, но тоа не беше доволно за триумф. Кај Клиперс прво име беше Кавај Леонард со 30 поени, 10 скока и пет асистенции.
Клиперси имаат скор од 17-10 и се наоѓаат на четвртото место на табелата во Западната конференција, додека пак Далас е шести со 16 победи и 11 порази.
Филаделфија ја победи Минесота со 127-113, а за тоа најзаслужен беше актуелниот МВП, Џоел Ембид кој одигра фантастичен меч и втор пат оваа сезона постигна над 50 порни.
Зад неговото име поточно запиша 51 поен и 12 скока, промаши само едно слободно фрлање од 18. За Ембид ова беше седми натпревар во кариерата со плус 50 поени, а 12-ти по ред во кој имач учинок од барем 30 поени и 10 скока, што најдолга низа од 1971/71 година кога Карим Абдул Џабар тоа го направи на 16 средби.
До победа дојде Никола Јокиќ, со неговиот Денвер славеа на гости кај Торонто со 104-113 и останаа на третото место на табелата во Западот со скор од 19-10, додека пак Торонто се 12-ти со скор од 11/16.
Јокиќ беше прво име на теренот постигна 31 поен, додаде 15 скока и 6 асистенции. Зад него беше Мареј со 20 поени. На другата страна Скоти Барнс имаше 30 поени и 10 скока.
Србинот дојде до 400. дабл-дабл во кариерата, откако во 2015 година заигра во НБА, покрај ова сега има најмалку 30 постигнати поени против сите 29 екипи во лигата, последен кој му недостасуваше беше Торонто, а сега и овој тим го стави на листата.
Резултати: Кливленд – Јута 124-116, Индијана – Шарлот 144-113, Орландо – Мајами 106-115, Филаделфија – Минесота 127-113, Бруклин – Њујорк 121-104, Торонто – Денвер 104-113, Чикаго – ЛА Лејкерс 124-108, Хјустон – Атланта 127-134, Далас – ЛА Клиперс 111-120, Сакраменто – Бостон 119-144.