Тензии меѓу Ковач и Тухел (ВИДЕО)

311

Во 16. коло од Бундеслигата, Баерн на гости го совлада Волфсбург со 2:1. Ова беше доста жесток натпревар, во еден момент нервозата се прелеа на клупите и дојде до вербален конфликт помеѓу Нико Ковач и Томас Тухел.

Во 63. минута Ковач протестираше на одлуките на судијата . Тухел потфрли нешто кон Ковач, кој потоа му пријде на стратегот на Баерн и имаше жестока дискусија со него. Конечно хрватскиот тренер замавна со рака и се врати на својата клупа.

Моментот можете да го видите на овој ЛИНК. 

Ковач не го коментираше тој инцидент на пресот, но за самиот натпревар рече:

„Сакавме да ги ставиме противниците под притисок со висок пресинг, но во првото полувреме не игравме силно на топката. Тешко е да се игра против Баерн ако не им се спротивставите физички затоа што нивните играчи едноставно имаат премногу квалитет. Во второто полувреме одигравме добро, но за жал не бевме наградени“. 

ПретходноФИФА ранкинг листа: Македонија ја заврши годината на 65.место!
СледноРеал и Барса добиваат по милијарда евра: Еве како ќе се игра во Суперлигата, 64 клубови поделени во три ранга! (ВИДЕО)