Повеќе од јасно е дека најголема штета со основањето на Суперлигата ќе има Премиерлигата, најсилната лига во светот. Англичани посебно се загрижени по денечната одлука на Европскиот суд, па така веднаш излегуваат со реакција и се закануваат.
Имено тие имаат намера да воведат регулаторни прописи во кои влезат и одлуки за тоа дека било кој клуб кој ќе влезе во Суперлигата автоматски ќе биде исфрлен од Премиерлигата.
Инаку познато е дека на почетокот шест клубови од ПЛ дадоа согласност да играат во Суперлигата, но подоцна сите тие се повлекоа и не ја дадоа својата поддршка како тоа што го направија Реал, Барса и Јуве.
Тоа беа Челзи, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Арсенал, Ливерпул и Тотенхем.