Попладнево првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис потврди дека неговиот клуб би играл во Суперлигата. Тој е третиот клуб во Европа кој официјално потврдува дека има намера да им се придружи на Реал и Барса.
Денеска дел од медиумите во Шпанија тврдат дека за Суперлигата се и Ц. Звезда, Порто, Бенфика, ПСВ, Феенорд, Андерлехт.
Сепак треба да се каже дека освен Наполи ниту еден клуб од споменатите официјално не се произнел дека би сакал да игра во Суперлигата.
Се разбира дека тука не се мисли на Реал и Барса кои се главни во овоj проект.