„Фудбалската федерација на Македонија со цело срце ја поддржува УЕФА“

271

Откако денеска „Топ Тема“ во светот на фудбалот е одлуката на Европскиот суд на правдата за демонополизирање на фудбалските натпреварувања, меѓу бројните Федерации кои истапија со поддршка за УЕФА и начинот на организација на европските натпреварувања е и Фудбалската федерација на Македонија. Од таму вечерва излегоа со порака и на социјалните мреѓу во која се вели:

„Фудбалската федерација на Македонија со цело срце ја поддржува УЕФА. Славата не е само цел, туку патување кое се заработува со труд и пот на теренот. Со секој потег или додавање, со секоја надеж, ние бараме чесност и страст во играта.

Секој тим нека биде инспириран да игра со целото срце, да се бори за секоја топка како да е последна и да се натпреварува во духот на вистински фер плеј.
За љубовта кон играта што не обединува и не мотивира сите заедно.“
ПретходноЈошко и ПАОК елиминирани во Купот на ЦЕВ, нов пораз за Ѓорѓиев во ЛШ
СледноЏирона водеше до 88. минута, но упорниот Бетис избори реми