Експедицијата на Санта Клара ги прави последните подготовки за патувањето кон Скопје и дуелот со Шкупи, кој ќе се игра во четврток во рамките од 2. коло од Лигата на Конференции.
Португалскиот тим за таа цел го вакцинираше целиот тим пред доаѓањето во Скопје.
Во Португалија во моментов е зголемен бројот на новозаразени од коронавирус, и токму од тука експедицијата се реши да се вакцинира пред доаѓањето кон Македонија.
Првиот меч се игра на 22. јули во Скопје, а реваншот е седум дена подоцна во Португалија.