Македонската ракометна репрезентација дел од подготовките ќе ги одработи во Стара Пазова. Кирил Лазаров и неговите момци веќе пристигнаа и го одбработија првиот тренинг.
Покрај кроење на тактиката и подигање на физичката форма, „црвено-жолтите“ ќе одиграат еден пријателки меч против Црна Гора. По враќањето во Скопје, Македонија ќе одигра уште два меча против Грција на домашен терен.
Пред нашите ракометари е голем предизвик, бидејќи се најдоа во екстра-тешка група со репрезентациите на Франција, Германија и Швајцарија.