Зајон Вилијамсон, играчот на Пеликанс може да остане без повеќе од 126 милиони долари поради тоа што не се придржува до препораките на клубот и да ја намали телесната маса, пренесува „Атлетик“. Последните три години од договорот не му се загарантирани затоа што клубот може да ја активира клаузулата и да го отпушти кошаркарот.
Минатата сезона Вилијамсон одигра само 29 натпревари, а поголем број пропушти поради повреда и бавното опоравување поради вишок на килограми.
Според договорот кошаркарот не смее да помина граница од 133 килограми или ќе плаќа пенали. Просечно оваа сезона бележи по 22 поени, 6 скокови и речиси 5 асистенции по меч.