Новата сезона во Премиер лигата ќе започне на 17 август, точно 90 дена по завршувањето на тековната сезона. Новиот шампионат ќе започне околу еден месец по финалето на Европското првенство во Германија закажано за 14 јули.
Последниот натпревар во сезоната 2024/2025 ќе се одиграна 25 мај 2025 година и нема да има натпревар на Бадник.
„Во согласност со претходните обврски преземени кон клубовите да се справат со зафатените распореди за Божиќ и Нова Година, ќе бидат преземени дополнителни мерки за да се обезбеди повеќе време за одмор во три од празничните кола. Ниту еден клуб нема да игра во рок од 60 часа по одиграниот натпревар“, соопштија од Премиер лигата.