Оле Гунар Солскјер го презема Бешикташ?

167

Некогашниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, се споменува како прв кандидат за тренерското место во турски Бешикташ. Во октомври, Бурак Јилмаз беше назначен за привремен тренер на Бешикташ по отпуштањето на Шенол Ѓунеш, но тој остана таму само 6 натпревари. Сега турскиот клуб го испитува пазарот за трајно решение, а прв избор е Норвежанецот.

Неколку турски медиуми меѓу кои и НТВ Спор пишуваат дека Бешикташ имал разговор со Оле и му понудил договор на една и пол година.

50-годишниот Норвежанец е без работа од ноември 2021 година, кога доби отказ во Манчестер Јунајтед.

Претходно„Граѓаните“ се искачија на врвот на светот: Манчестер Сити ја освои светската клупска титула! (ВИДЕО)
СледноРодри е најдобар играч на Светското клупско првенство