Скандал по финалето на Светското клупско првенство: Камерманот веднаш ја тргна камерата!

5994

Манчестер Сити за прв пат во клупската историја стана светски шампион, а по завршувањето на натпреварот и победата над Флуминенсе дојде до скандал.

Во директниот пренос се можеше да се види одблиску. Во тепачка влегоа Фелипе Мело и Кајл Вокер, а камерманот брзо ја сврте камерата на другата страна. Организаторите на директниот пренос не сакаа да се испрати лоша слика во светот, но веќе беше доцна.

Набрзо се појави уште едно видео од самиот терен, објавено од бразилските медиуми, каде појасно може да се види што се случило.

Наводно се започнале Џек Гралиш од Манчестер Сити и Мартинели од Флуминенсе, по што дошло до жестока расправија.

Фелипе Мело не можеше да се воздржи, што е некако типично за него и реши да почне да ја бара својата правда.

Сè траеше неколку секунди, а пресметката со Вокер за малку ќе ескалираше. Набрзо се приклучија и другите и ситуацијата се смири.

 

ПретходноЈокиќ со супер партија, но заврши и со крвави раце по мечот со Бруклин! (ВИДЕО)
СледноНови, страшни детали за смртта на Коби Брајант!