Челзи доживеа болен пораз на гостувањето кај Вулверхемптон непосредно пред Божиќ. Ова беше четврти пораз во низа на гости за Челзи, нешто што последен пат на лондонскиот клуб му се случило во 2000 година.
Тренерот Маурисио Покетино беше разочаран од пропуштените прилики.
„Ова натпреварување ве убива ако не сте доволно остри пред голот“, рече 51-годишниот Аргентинец.
„Многу сме разочарани бидејќи мислам дека заслуживме повеќе. Создадовме шанси, затоа ова е толку разочарувачки. Примивме гол по неколку корнери и потоа беше многу тешко“.
Покетино посочи дека просечната возраст на неговата селекција фудбалери игра улога во лошите резултати на англискиот тим.
„Ние сме млади, тоа е млад тим. Имаме играчи кои за првпат играат во Премиер лигата. Мора да се прилагодат. Се работи за доверба и квалитет“, дополни.