Димитријевиќ со 19 поени во новиот убедлив триумф на Уникс

75

Кошаркарите на Уникс Казан запишаа уште една победа во ВТБ лигата. Денеска во новото коло пред своите навивачи славеа над екипата на Самара со 81:61.

Нашиот плеј, Ненад Димитријевиќ, одигра скоро половина час за УНИКС и средбата ја заврши со 19 поени, како втор стрелец во победничкиот тим. Поефикасен од него беше само Американецот Грин со 20 поени.

Димитријевиќ шутираше 4/5 за два и 2/2 за три поени. Погоди 6 од 7 слободни фрлања, а статистички запиша и два скока и 7 асистенции.

ПретходноРетклиф денеска плати 1,25 милијарди фунти за 25% од Манчестер Ј.
СледноПокетино по четвртиот пораз во низа на гости: Млади сме, ни треба време за прилагодување!