Манчестер Јунајтед носи јапонски интернационалец на местото на Антони

1087

Бразилскиот крилен напаѓач Антони не се снаоѓа во дресот на Манчестер Јунајтед па многу е веројатно дека наскоро ќе биде продаден. Па „Црвените ѓаволи“ треба да најдат нов играч на крилната позиција.
Според „Дејли Експрес“ и „Сан“, Манчестер Јунајтед во јануарскиот преоден рок ќе го купува јапонскиот интернационалец Такефуса Кубо кој моментално игра во Сосиедад во Ла Лига. Според пишувањата од Јунајтед се спремни да му дадат многу поголема плата за да го донесат во своите редови.
Кубо е од академијата на Барселона, а професионалната кариера ја почнува во ФК Токио, па Реал Мадрид го откупува но го позајмува во Мајорка, Виљареал, Хетафе, па уште еднаш во Мајорка, а во 2022 година Сосиедад го донесе во своите редови.
Кубо има шест гола и три асистенции оваа сезона во Ла Лига.

ПретходноНаполи го заборавил тренерот после меч, а тој морал да се враќа со такси
СледноПартизан се засили со натурализираниот Хрват, Џејлин Смит