Лука Модриќ влегува во последната половина година од договорот со Реал Мадрид и извесно е дека нема да го продолжи договорот. Капитенот на хрватската репрезентација веќе има неколку понуди за продолжување на кариерата.
Шпанските медиуми тврдат дека 38-годишниот играч од средниот ред веќе постигнал договор со својот следен клуб.
“Пред неколку недели Модриќ им кажа на челниците на Реал дека заминува. Иако имаше интересна понуда од Интер Мајами, на крајот одлучи улогата на Кристијано Роналдо. Португалецот е во постојан контакт со Модриќ, неговиот поранешен соиграч, и го убеди да му се придружи во Ал Наср“, пишуваат Шпанците.
Условите на договорот не се познати, но се шпекулира дека хрватскиот репрезентативец ќе заработува околу 30 милиони евра по сезона.
Модриќ е во Реал од 2012 година и освои се што може да се освои со мадридскиот клуб. Тој одигра 508 натпревари и постигна 38 гола со 80 асистенции.