Барса сака да ја продолжи позајмицата на Феликс, но Атлетико бара 15 „милиончиња“

233

Во шпанските медиуми протече информација дека Барселона сака да ја продолжи позајмицата на Жоао Феликс со опција да го откупи договорот на Португалецот. А од Атлетико им стигна одговор. Како што пренесува „Релево“, Атлетико не смета на Феликс, меѓутоа нема да ги прифати истите услови од договорот со Барселона. „Јорганџиите“ за нова позајмица ќе бараат 15 милиони евра, а во новиот договор ќе може да има клаузула за откуп на договорот.

Е сега дали Барселона ќе ги прифати овие услови останува да видиме. Феликс оваа сезона одигра 20 натпревари за Барселона со ефект од шест гола и три асистенции.

ПретходноИзгоре салата на француски кошаркарски прволигаш (видео)
СледноПет екипи се лидери во своите шампионати пред Божиќ, а никогаш не биле шампиони!