Никс ја прекина серијата од осум порази од Бакс

77

По осум порази во меѓусебните дуели, конечно, екипата на Њујорк Никс славеше победа над Милвоки Бакс во „Медисон сквер гарден“ со 129-122. Празничниот амбиент посебно влијаеше врз Џејлен Брансон кој постигна 38 поени, а имаше и четири скока и шест асистенции. Џулиус Рендл постигна 25 поени, а Ер Џеј Барет 21.
Од друга страна на Бакс не и помогна ни Адетокумбо кој постигна 32 поени, а имаше и 13 скокови и шест асистенции, а исто толку поени постигна и Демијан Лилард.

ПретходноПет екипи се лидери во своите шампионати пред Божиќ, а никогаш не биле шампиони!
СледноРајковиќ повторно на „Ол старот“ на ВТБ лигата