Антиќ и Чековски го посетија Заводот за рехабилитација на деца и на младинци во Топанско Поле

94

Претседателот на Македонската кошаркарска федерација Перо Антиќ, и тим-менаџерот на сениорската репрезентација, Ѓорѓи Чековски беа гости на Заводот за рехабилитација на деца и на младинци – Топанско Поле – Скопје.

Посетата на оваа јавна установа од социјален карактер, ја искористија да ги израдуваат децата со доделување на посебни подароци, односно кошаркарски топки и новогодишни пакетчиња, момент кој што наиде на огромно воодушевување.

ПретходноУкраинците со реакција: Србите продолжуваат да ги тестираат нервите, дали УЕФА ќе остане нема?
СледноРепрезентацијата е комплетна: Никола Митревски се приклучи во „стројот“ (ФОТО)