Вчера, „принцовите“ одлучија да започнат преговори со дефанзивецот на Сао Паоло, Лукас Бералдо. Вкупно, оваа сезона забележа 48 настапи за Сао Паоло во сите натпреварувања, постигнувајќи еден гол во бразилската Серија А.
Но вестите не завршуваат тука, утрово доаѓаат нови од главниот град на Франција.
ПСЖ постигна вербален договор со Коринтијанс околу трансферот на 18-годишниот играч за врска Габриел Москардо.
А овој трансфер ќе го чини ПСЖ 20 милиони плус два милиони евра бонуси, а целата приказна ја потврди и угледниот Фабрицио Романо.
Во последната година Москардо одигра 37 натпревари за Коринтијанс во сите натпреварувања и важи за еден од најдобрите бразилски фудбалери во својата генерација.
Покрај ПСЖ, за услугите на овој играч беа заинтересирани и Милан и Арсенал, но на крајот ПСЖ беше конкретен во понудата, што ги задоволи челниците на Коринтијанс. Официјалното претставување на Москардо во Париз би требало да се случи по Нова година.
🚨🔴🔵 Gabriel Moscardo to PSG, here we go! Understand verbal agreement with Corinthians has been reached for €20m fixed fee.
Package also includes €2m add-ons.
Moscardo will travel to Paris as soon as clubs sign the formal agreement.
🇧🇷 Beraldo & Moscardo to PSG, done. pic.twitter.com/ClYaPPXRh4
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) December 26, 2023