Матлиески пред излезната врата во ГРК Тиквеш?

569

Раководството на ГРК Тиквеш изненадувачки ќе прави промена на тренерското место. „СпортСпорт“ дознава дека Никола Матлиески е пред излезната врата на кавадаречката гордст.

Иако овој млад стратег во таборот на ГРК Тиквеш внесе свежина и има само три порази во Супер-лигата, сепак нашите информации целат дека во плеј-офот овој тим ќе има нов тренер.

Кавадарчани првиот дел од првенството го завршија на третото место на табелата во групата А зад Охрид и лидерот Алкалоид, па во плеј-офот ќе пренесат само еден бод.

Матлиески во Кавадарци дојде на местото на поранешниот македонски селектор, Данило Брестовац.

Тренерската кариера ја започна во младинските категории на Металург и Пролет, а потоа четири години го водеше Пролет, пред да се приклучи на Голден Арт и да замине во редовите на ГРК Тиквеш.

ПретходноМакедонија Ѓ.П му посака добредојде на Велкоски (ВИДЕО)
СледноКадетките на Балкански игри во Романија