Ливерпул со победа кај Барнли се искачи на чело на табелата во Премиерлигата

138

Ливерпул со 2:0 славеше на гостувањето кај Барнли во претпоследниот вечерашен меч од 19. коло на Премиерлигата. Мечот на „тарф Мур“ донесе голем притисок од гостите, кои и вечерва ги покажаа сите свои слабости во реализацијата. Барнли, пак, го имаше одличниот голман Трафорд кој само во првото полувреме имаше 7 успешни одбрани и не дозволи момците на Клоп рано да го решат прашањето за победникот на мечот.

Ливерпул отвори уште со првата шанса на натпреварот. Нунез погоди во 6. минута за 0:1.

Две минути подоцна нова голема шанса за гостите. Шанса имаше Салах, но овојпат блескаво реагираше голманот на Барнли. Фудбалерите на Ливерпул постигнаа гол во 29. Минута, но голот беше поништен поради прекршок во нападот.

Ливерпул во 56. минута постигна нов гол, овој пат преку Елиот, но овој гол беше поништен поради офсајд. Сепак, во судиското надополнување, Жота постигна гол кој беше регуларен и со тоа ја потврди победата на својот тим на гостувањето кај Барнли.

Со оваа победа, Ливерпул се најде на првото место барем до четврток, бидејќи има два бода повеќе од Арсенал кој за два дена го игра натпреварот против Вест Хем.

ПретходноПромовирана монографијата „70 години Тениска федерација на Македонија“
СледноБремер со нов 5-годишен договор со Јувентус