Клоп: Чудно е што имаше интриги до самиот крај

212

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп беше воодушевен од победата над Барнли која ги искачи на врвот на табелата во Премиер-лигата. Тој истакна дека тимот го испочитувал планот, особено ги пофали авторот на вториот гол Диого Жота и Ватару Ендо.

„Се обидовме да го наметнеме нашиот стил. Игравме многу тешко, но долго време резултатот беше само 1:0, што беше чудно. Тоа се случува во фудбалот. Но, во најтешкиот период од натпреварот постигнавме втор гол, и тоа каков гол беше. Голот на Жота беше неверојатен. Другиот играч кој ја заслужи наградата за човек на натпреварот е Ендо. Заврши фантастична работа.

Во последно време создаваме многу шанси и реализираме само мал дел од нив. Одигравме 4 натпревари за 10 дена. Требаше само да го пребродиме. Сега имаме 5 дена до следниот натпревар, но нема долго да се одмориме, момците ќе имаат само два дена да поминат со своите семејства“, изјави Клоп.

Ливерпул има актив од 42 бода, а во следното коло го пречекува Њукасл.

ПретходноТен Хаг откри што ги советувал фудбалерите на полувремето
СледноБрера Струмица му се заблагодари на Врдољак