Со пресвртот од 0-2 до 3-2 против Астон Вила, Манчестер Јунајтед ја прекина серијата од пет натпревари без победа. „Црвените ѓаволи“ ги израдуваа своите навивачи против еден од хитовите на сезоната во Премиер-лигата и веќе се 6-ти во поредокот, а менаџерот на тимот Ерик тен Хаг не пропушти да ги пофали играчите.
„На паузата губевме со два гола, кои ги добивме по статична ситуација и недоволна концентрација. Сепак, одигравме силно и во првото полувреме. Во паузата им реков на момците: „Продолжете да верувате и правете ги работите на ист начин, уште подобро“. Моравме да извршиме притисок врз противникот и видовте што се случи кога при 1:2 уште повеќе го подигнавме темпото.
Пред натпреварот реков дека игравме рамноправно со Арсенал и Ливерпул. Ако се обидеме и дадеме се од себе, можеме да победиме секого, дури и да заостануваме два гола. Важно е да продолжиме во истиот дух и да покажеме карактер. Денес момчињата го направија токму тоа. Мислам дека нашите вкупни перформанси беа на високо ниво“, додаде Холанѓанецот.