Шкендија го договори трансферот на Роналдо, ќе и плати отштета на Брегалница!

2859

По само шест месеци престој во Штип, офанзивецот од Јамајка, Вебстер Роналдо се сели во Тетово и тоа во таборот на Шкендија. Како што велат нашите информации, ракводствата на Шкендија и Брегалница вчера имале разговори и се договориле Роналдо да направи трансфер во тетовските “црвено – црни“. За ова Шкендија дала согласност да и исплати соодветна отштета на Брегалница со оглед на тоа дека Роналдо е под важечки договор со штипските “сини“.

Кога сме кај Шкендија да кажеме дека во пролетниот дел овој тим ќе биде засилен со 3-4 нови имиња. Се споменува заминување на Лимани, како и на Максимов во Ласк Линц, но ќе има засилувања, тука нема дилеми.

ПретходноНаградите „Златна Олимпија“ по трет пат во рацете на најуспешните спортистки од земјава
СледноВиктор Роке пристигна во Барселона: Мојот сон стана реалност! (ВИДЕО)