Столе Стојчевски се враќа во Силекс!

1880

По само шест месеци престој во Воска, искусниот стопер Стојан Стојчевски го напушта прволигашот од Охрид. Како што дознава “СпортСпорт“ тој се враќа во Силекс и тоа по третпат. Да потсетиме дека Сојчевски беше дел од кратовци во периодот од 2016-2018 и од 2021-2022.

Покрај Силекс и Воска, Стојчевски во минатото го носеше дресот на Скопје, Вардар, Хоризонт Турново, Тетекс, Љубанци, Брера, Работнички, Борец, Брегалница, Македонија ЃП.

Кога сме кај Воска да кажеме дека пред неколку дена клубот објави дека се разделува со шесттмина фудбалери, на тој список не беше Стојчевски.

ПретходноХамес Родригез со шокантна изјава: Во Катар не смеев да се туширам гол! Ми беше страв!
СледноЕсенскиот шампион во ВМФЛ се засили со Љамалари!