Лудо: Отишол да пресадува коса, а потоа глумел повреда за да не шутира со глава

423

Според турскиот „Фанатик“, камерунскиот интернационалец Винсент Абубакар е отстранет од првиот тим на Бешикташ поради тоа што глумел дека е повреден. Тој лажирал повреда, а всушност заминал да пресадува коса.

Тоа се случило во октомври за време на паузата поради репрезентациите. Се вратил и отсуствувал еден месец. За сега се е чисто, меѓутоа откриено е дека всушност тој лажирал дека е повреден бидејќи бил да пресадува коса. Тој тајно три пати одел во Париз, а на шефовите им рекол дека ја посетува својата болна сопруга.

По враќањето во Истанбул, Абубакар одиграл два меча – со Галатасарај во Суперлигата и Бодо-Глимт во ЛК. Таму ја удирал топката со глава, поради што докторите му препорачале да избегнува да го прави тоа во наредните три седмици.

Одглумил повреда и тренирал одводено. Притоа ги пропуштил мечевите со Газијантеп, Анталијаспор, реваншот со Бодо/Глимт и Башакшехир.

Од клубот дознале и го отстраниле од првиот тим.

ПретходноДориев ги израдува најмалите од Општина Ново Село
СледноБурна реакција на Гечевски кон судијата