КФСМ денеска традиционално ќе ги прогласи најдобрите за годината која изминува. Ќе бидат доделени признанија во 19 категории. Наградата за најдобар сениорски тим оди во рацете на МЗТ Скопје кој доминираше во 2023 година, ја одбрани титулата, го освои Купот на Македонија и Супер-Купот.
За најдобар кошаркар ќе биде прогласен Војдан Стојановски, кој беше клучниот играч во сите големи успеси на тимот од Аеродром.
Изненадувачки резултат има во категоријата на најдобар тренер, иако Пелистер не освои ништо, сепак Марјан Илиевски ќе го понесе признанието.
Најдобар странски кошаркар е Ненад Димитријевиќ, кој со Уникс ја освои титулата во ВТБ-лигата и беше прогласен за МВП на финалето. Најдобра кошаркарка која настапува во странство е Анжелика Митрашиновиќ.