Скандал: Претседател на АБА-лигашки тим е уапсен поради шверц со цигари

387
ФОТО: КК Морнар

Кошаркарска Црна Гора ја тресат скандали во последните 24 часа. Претседателот на Морнар, Ѓорѓе Павичевиќ, е уапсен под сомнение за шверцување цигари. Ѓорѓе е брат на Михаил Павичевиќ, кој тренер на овој тим. Покрај првиот човек на Морнар, уапсени се уште неколку луѓе, а против нив ќе биде поднесена кривична пријава.

„По наредба на Специјалното државно обвинителство, а по извршен претрес во просториите на деловното друштво ’П’ ДОО Б, Специјалното полициско одделение го приведе Ѓ.П., основачот и одговорното лице на фирмата, како и поранешен вработен во фирмата Н.К и двајца службеници во Управата за приходи и Царина И.К и В.Ѓ поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело создавање на злосторничка организација, фалсификување службена исправа и криумчарење со помагање“, Вукас Радоњиќ, С.Д. портпаролот, изјави за „Вијести“.

ПретходноДалиќ: Македонија е одличен противник, ремизираше против Италија и Англија
СледноБојан Миовски на радарот на тим од Чемпионшип