Ако 2022 беше фантастична за тимот од „Сан Сиро“, кога беше шамшион во Серија А, тогаш оваа 2023 година сите во Милан сакаат што побргу да се заборави.
А има и тоа како зошто.
Имено Милан во оваа година има примено најмногу голови во својата клупска историја, и тоа 64 на сите натпреварувања. Ова досега никогаш не му се случило на гигантот од Милано. Ова е негативен клупски рекорд, се разбира откако се води официјална статистика.
А овој скор може да биде и полош. Во сабота Милан игра против Салернитана на свој терен и постои шанса таа бројка од примени рекордни 64 голови во 2023 година, да биде зголемена.