Како што и се очекуваше и најавуваше, но од денеска е и официјално. Имено Раде Стојановиќ е нов тренер на Тиквеш. Селекторот на младинската селекција на Македонија беше првиот пик на кавадачани за испразнетото тренерско и место и тие го добија Стојановиќ, еден од најдобрите наши ракометни тренери во моментов.
Кавадарчани на својот официјален ФБ профил се пофалија со ноиот тренер, а тој во својата прва изјава истакна:
,,Своите ракометни почетоци ги имав во овој регион па сега е време со својата работа да возвратам на регионот од чија ракометна школа излегоа квалитетни ракометари. Се радувам што сум тука во улога на тренер и познавајќи го менталитетот на регионот, знам и верувам дека ќе се бориме на секој натепревар и за секој бод во плеј офот.”