Барса ја загуби битката за Ечивери, на крајот Џирона ќе биде во „ќар“

1797

Барселона ќе ја загуби битката за Клаудио Ечевери. Еден од најбараните тинејџери во светскиот фудбал, најверојатно ќе замине во Манчестер Сити. Англичаните се приближуваат до потписот на 17-годишниот напаѓач, а сумата која ќе биде договорена е околу 20-25 милиони евра.

Аргентинскиот весник „Оле“ објави дека договорот со Сити ќе биде комплетиран наскоро, но Ечивери ќе остане во Буенос Аирес следната година, додека не му заврши договорот. Понатаму велат дека планот е Ечевери да замине во Џирона на позајмица, затоа што Џирона е дел од Сити Фудбал Груп.

Во моментов Џирона го има Јан Куто на позајмица од Сити.

ПретходноВиртус ја доби драмата во Белград, Фенер победи во турското дерби
СледноКФСМ ги прогласи најдобрите во македонската кошарка за 2023 година