Ако играат во Суперлигата, италијанските клубови нема да добијат лиценца за Серија А!

282

Клубовите од Серија А кои најавија дека ќе прифатат учество во проектот наречен Суперлига, нема да добијат лиценца за настап во домашното првенство.

Минатата недела Италијанската фудбалска федерација едногласно одобри нов национален систем за лиценцирање за следната сезона.

Според новите правила, тимовите ќе имаат рок до 4 јуни 2024 година не само да аплицираат за првенството, туку и писмено да потврдат дека се обврзуваат да не учествуваат на натпревари организирани од приватни асоцијации кои не се признати од УЕФА, ФИФА и Италијанската федерација. Неисполнувањето на овој услов ќе резултира со недобивање лиценца за сезоната 2024/25.

ПретходноБрајтон го торпедираше Тотенхем, Еступињан постигна евро-гол (ВИДЕО)
Следно„Чеканите“ славеа на „Емирати“, Ливерпул лидер со два бода предност (ВИДЕО)