КФСМ ги прогласи најдобрите во македонската кошарка за 2023 година

218

Кошаркарската федерација на Македонија денеска на свечена церемонија ги врачи наградите за најдобрите во мак-баскетот за 2023 година.

Годинешни лауерати во категоријата најдобар кошаркар се Војдан Стојановски од МЗТ Скопје А. во машка и Елена Тасевска од екипата на Баскет Кам 2011 во женска конкуренција. Наградата за најдобри кошаркари во странство отидоа во рацете на Ненад Димитријевиќ и Анџелика Митрашиновиќ.

Сега веќе поранешниот тренер на КК Палистер, Марјан Илиевски ја доби наградата за најдобар тренер во 2023 година, додека наградата за најдобар македонски тренер во странство отиде кај предводникот на рускиот гигант ЦСКА (М), Емил Рајковиќ.

МЗТ Скопје А. е најдобра машка сениорска екипа, додека Баскет Кам е најдобра екипа кај дамите. Златко Гоцевски ја доби наградата за најдобар тренер на женска сениорска екипа, додека Игор Митровски е најдобриот судија.

Нермин Пепиќ (Работнички) и Јордан Цветановски (Баскет Кам) ги добија наградите за најдобри тренери на младински екипи. најдобра женска младинска екипа е Баскет Кам, а наградата во машка конкуренција ја доби младинскиот тим на Работнички.

Ања Начевска од Вардар е најдобра млада кошаркарка, а Никола Јаничиќ е најдобар млад кошаркар.

Награди добија и најдобрите „баскетџии“ во 3х3. Најдобра екипа е Кино Влае, додека најдобар играч Ервин Цого.

ПретходноБарса ја загуби битката за Ечивери, на крајот Џирона ќе биде во „ќар“
СледноВерати има договор со кој секој месец по една недела може да не тренира!?