Македонската ракометна репрезентација запиша победа на првиот пријателски меч во рамките на подготовките за ЕП 2024. Нашите ракометари во Стара Пазова ја совладаа Црна Гора во меч со три полувремиња со 54:51 (22-17, 17-20, 15-14).
Македонската експедиција во Скопје се враќа утре.Селекторот Кирил Лазаров ќе има три дена слободни, а подготовките за ЕУРО 2024 ќе продолжат на втори јануари. На 4-5 јануари следат двете контроли со Црна Гора.