Некогашниот најдобар играч на НБА лига, Ален Ајверсон изјави дека според него Мајкл Џордан и Коби Брајант се најдобрите кошаркари во историјата на американската кошаркарска лига. Ајверсон сподели и една анегдота од играчките денови кога лидерот на Филаделфија постигнал 35 поени и Коби збеснал.
Во хотелската соба скршил телевизор, ги расфрлал столиците и намештајот, а потоа гледал снимки од настапите на Ајверсон за да му најде „слаба точка“ и да го запре на следниот меч.
„Никогаш не сум видел играч кој е толку посветен на целите и задачите како што беше Коби Брајант. Затоа за мене секогаш Коби и Мајкл Џордан се над сите во кошарката. Веднаш зад нив е Леброн Џејмс“, изјави Ајверсон кој во 2001 година беше МВП и таа сезона ги предводеше Севентисиксерс до НБА финалето во кое беа поразени од Лејкерс на Леброн.