Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Ерик Бејли не е повеќе член на Бешикташ. Турскиот клуб и играчот од БС Коска го раскинаа договорот и сега е слободен фудбалер. Летоска дефанзивецот дојде во истанбулскиот клуб и сега си заминува.
Инаку Бејли беше еден од неколкуте суспендирани поради лоши перформанси сезонава и го оцени како „некомпактибилен за тимот“.
Агентот на играчот изјави дека клубот неферски го третира посочувајќи дека Бејли не можел да допринесе поради тоа што бил повреден.
Како и да е, Бешикташ одлучи да го ослободи од обврските, а Бејли настапи на осум натпревари.