Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг е убеден дека ќе ја задржи функцијата во тимот и покрај промената на сопствениците. Англискиот гигант на 24 декември објави дека е постигнат договор Сер Џим Ретклиф и неговата компанија ИНЕОС да купат 25% од акциите во клубот.
„Распоредот е многу густ, така што сè уште немав време да разговарам со нив, но тој момент ќе дојде и со нетрпение го чекам. Тие сакаат да работат со мене, јас сакам да работам со нив. Ќе имаме разговори, состаноци, па ќе видиме“, изјави Холанѓанецот.