Германецот Велингер победник на првата скокалница од новогодишната турнеја (ВИДЕО)

163

Германецот Андреас Велингер е победник на првата станица на новогодишната турнеја „Четири скокалници“. На спектакуларното отворање на натпреварувањето денеска во Оберстдорф, Андреас Велингер славеше со скокови од 139,5 и 128 метри и вкупно освоени 309,3 поени.

Второто место го зазеде Јапонецот Рјоју Кобајаши, кој имаше три бода помалку, а имаше скокови од 134,5 и 129 метри. На третото место беше Австриецот Штефан Крафт, кој имаше скокови од 132,5 и 125 метри (298,9).

Одличниот Словенец Ловро Кос, кој имаше скокови од 123 и 139,5 метри (289,7 поени) на крајот се задоволи со пласман на четвртото место.

Во недела, на 31 декември, следуваат квалификациите за втората станица во Гармишпартенкирхен, каде натпреварувањето е закажано за првиот ден од 2024 година.

ПретходноСаудијците нема да се расфрлаат со засилувања за Њукасл оваа зима
СледноШифрин ја затвори 2023-та со 93. победа во Светскиот куп