По поразот од Вест Хем, менаџерот на Манчестер Ј., Тен Хег рече дека „Црвените Ѓаволи“ ќе го подобрат својот настап кога „тимската болница“ ќе биде празна.
„Во моментов имаме слаби перформанси затоа што имаме многу повреди, така што тимот ќе биде подобар кога повредените ќе се вратат“.
Според Холанѓанецот, чекањето очигледно нема да биде долго. Петмина играчи на Манчестер Јунајтед се многу блиску до враќање на терените.
„За натпреварот со Нотингем Форест ќе биде достапен истиот состав како и за натпреварот со Астон Вила. Очекуваме многу играчи да се вратат во средината на јануари. Тоа се Мејсон Маунт, Касемиро, Лисандро Мартинез, Тајрел Маласија, а секако, очекуваме и Хари Мегваер да биде назад на терен. Сите ќе бидат достапни во јануари“, потврдил Тен Хаг.
Средбата со Нотингем Форест денеска ќе биде последен натпревар на Манчестер Јунајтед во 2023 година.