Бешикташ се понуди да го организира Суперкупот: Дојдете со турски знамиња и маички со ликот Ататурк!

630

Бешикташ се понуди да биде домаќин на натпреварот од Суперкупот на Турција на својот стадион.

Натпреварот меѓу Галатасарај и Фенербахче требаше да се одигра денеска во Саудиска Арабија, но локалните власти не дозволија тимовите да носат маици со Кемал Ататурк и не сакаа да ја интонираат турската химна.

„Нашите врати се отворени! Очекуваме навивачите на Ататурк да дојдат кај нас со турски знамиња за финалето на Суперкупот, кое ќе се игра на стогодишнината од нашата Република, на најдобриот стадион во светот“, порачаа од Бешикташ.

ПретходноЏенова му „украде“ бод на Интер, Лацио со пресврт до победа
СледноГоразд Михаилов: Чест и задоволство е да се биде тренер на Вардар, доаѓам во најтрофејниот клуб во Македонија!