Јокиќ сопрен, Денвер убедливо поразен (ВИДЕО)

264

24 часа откако испиша историја и го растури Мемфис, Никола Јокиќ одигра поинаков меч. Неговиот Денвер беше поразен на домашен терен од Оклахома со 93-119 и ја прекина серијата од шест победи пред своите навивачи.

И ова не е се. Никола Јокиќ не успеа да блесне во препознатливото издание, постигна 19 поени, 10 скока и седум асистенции, што пак беше премалку за триумф.

На другата страна Шеј Гилџес-Александер постигна 40 поени.

Резултати: Орландо – Њујорк 117:108, Вашингтон – Бруклин 110:104, Атланта – Сакраменто 110:117, Бостон – Торонто 120:118, Кливленд – Милвоки 111:119, Хјустон – Филаделфија 127:131, Денвер – Оклахома сити 93:119, Феникс – Шарлот 133:119, Портланд – Сан Антонио 134:128, ЛА Клиперс – Мемфис 117:106.

ПретходноГоразд Михаилов: Чест и задоволство е да се биде тренер на Вардар, доаѓам во најтрофејниот клуб во Македонија!
СледноДобри вести за Тен Хаг: Петмина повредени се враќаат во строј!