Легенда на Ливерпул стана тренер на белгиски второлигаш

229

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и екс-репрезентативец на Холандија, Дирк Кајт е нов тренер на белгискиот второлигаш Бершот. Договорот е до крајот на сезоната.
Бершот има богата историја во белгискиот фудбал. Ова е нов чекор во мојата тренерска кариера, имам многу енергија и едвај чекам да започнам. Како тренер преферирам напаѓачки фудбал исто како кога бев фудбалер и мојата филозофија никогаш не се променил“, изјави Кајт.
Кајт има скромно тренерско искуство, работеше како асистент во нисколигашот Квик бојс каде што ја заврши кариерата, потоа во У19 тимот на Феенорд, кратко во холандскиот прволигаш Ден Хаг работеше од мај до ноември 2022 година.

ПретходноАлегри пред вечерашното дерби со Рома: Мурињо е еден од најдобрите тренери!
СледноПочнува бунтот: Фудбалерите повеќе не можат да го издржат притисокот!