Италијанскиот парламент го укина „бекамовиот закон“, клубовите стравуваат од најлошото

3129

По тензична дискусија во италијанскиот парламент, италијанската Серија А го загуби „бекамовиот закон“ (во италија познат како Decreto Crescita) според кој оние спортски работници кој доаѓаат од странство имаат 50% попуст во плаќањето на данок на државата. Правилото постои и во Шпанија само што таму странските фудбалери и тренери плаќаат само 24% од даноците на државата во првите шест години. Името е добиено по Дејвид Бекам кој беше еден од најпознатите фудбалери во Ла Лига, а потоа и во Серија А.

Тоа правило сегае укинато, што значи дека италијанските клубови ќе се соочат со проблеми ако сакаат да ги привлечат талентираните играчи од странство. Укинувањето на ова правило ќе ги зголеми трошоците за плати на странските играчи и ќе го редуцира интересотна играчи да играат во најсилната италијанска лига.

Според голем број на фудбалски стручњаци ова ќе биде погубно за фудбалот во Италија кој долго време беше паднат, а во последните години почна да се крева од бездната. Сега повторно ќе се најде во опасна ситација. Тоа ќе повлече слаб интерес за фудбалските натпревари, продажба на билети, но и помали даноци, вложувања во фудбалот и инфраструктурата…

ПретходноИнтер го продолжи договорот со еден од стандардните дефанзивци
СледноОткриена финансиската позадина на откажаниот меч во Саудиска Арабија